Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧИНА ЛАЗО ГОЛУЖА: Ја создаде култната „Квискотека“

ПОЧИНА ЛАЗО ГОЛУЖА: Ја создаде култната „Квискотека“

Лазо Голужа, угледниот новинар и уредник на Хрватската телевизија и творец на култниот квиз на знаење во поранешна Југославија „Квискотека“ почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст.

Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студиите, заедно со Паја Канижај го основал списанието „Парадокс“.

Тој даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден“, „Песочен часовник“, „Бројки и букви“.

Негов најпознат проект е „Квискотека“, која за првпат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и која беше многу популарна во поранешна Југославија.


Слично

Поврзани вести