ПОЧИНА КАРЛ ХАН, ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА „ФОЛКСВАГЕН“: Компанијата доживува најсилна експанзија во негово време
Пред да стане шеф
на „Фолксваген“, Хан раководеше со производителот на гуми „Континентал“ од 1973
година.
Германецот, кој своето образование го стекна на Универзитетот во Берн, беше на чело на автомобилскиот гигант, поточно на целата „VW Group“, во периодот од 1982 до 1993 година.
За време на неговиот мандат, производството на автомобили на Групацијата порасна од два милиони единици во 1982 година на 3,5 милиони една деценија подоцна, што значи дека Хан несомнено остави голема трага во компанијата.
Инаку, веста за смртта на Хан ја потврди и портпаролот на Фондацијата Хан, пренесе germany.detailzero.com. Германецот почина дома во Волфсбург.
Ќе остане запаметен и по тоа што ги постави основите за создавање на глобална корпорација во текот на осумдесетите и почетокот на деведесетите, а како пример за неговата работа - во периодот на неговата служба, брендовите „Сеат“ и „Шкода“ беа преземени.
Искусниот бизнисмен бил и тој што го започнал проширувањето на компанијата во Кина.
И по напуштањето на VW Group, Хан беше баран како автор и говорник. Во Волфсбург, кој стана негов дом, тој беше член на одборот на доверители на уметничкиот музеј, за кој придонесе да се отвори. Таму ја имаше својата канцеларија, иако во голема мера беше пензиониран.
ФОТО: EPA/SEBASTIAN GOLLNOW