Почина фоторепортерката која се самозапали во Бугарија
Фоторепортерката која се самозапали пред зградата на бугарското Претседателство минатата недела, 38-годишната Лидија Петрова, минатата ноќ им подлегнала на повредите и починала.
Бугарските власти се уште се обидуваат да ги утврдат точните мотиви за ваквиот потег на жената, но лекарите сметаат дека самозапалувањето било зивршено во момент на очај.
Семејството на Петрова, пак, верува дека таа била психички здрава, но била принудена да се самозапали, па дури и дека можеби членувала во некоја секта.
Веднаш по инцидентот таа беше префрлена во болница со тешки изгореници на повеќе од 90% од телото, а до вчера нејзината сосотојба беше исклучително критична.
Слично
