Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почина Џо Шатер – таткото на џамбо џетот Боинг 747

Почина Џо Шатер – таткото на џамбо џетот Боинг 747
Џо Шатер, инженер и основач на компанијата Боинг почина денес на 95 годишна возраст. Шатер се смета за татко на омилениот патнички авион Боинг 747 кој беше пуштен во употреба во 60-тите години на минатиот век и означи нова ера во авионските патувања на долги реалации. jo sater
„Џо живееше прекрасен живот и беше вистинска инспирација, не само за вработените на Боинг, туку и за целата авионска индустрија. Тој е персонализација на иновативноста, снаодливоста и пасија за постигнување големи дела кои ги направија авионите на Боинг симбол за квалитет низ светот“, изјави Реј Конер извршниот директор на комерцијалната дивизија на Боинг.
Шатер доби големи почести од сите конкурентни компании кои со жалење ја примија веста за неговата смрт и ги поздравија неговите придонеси за индустријата.
Слично

Поврзани вести