ПОЧИНА 13-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД КОВИД ВО СОМБОР: Причината за смртта е белодробна емболија, ова е најмладата жртва на вирусот во Србија
Момчето С.Р. (13)
од Сомбор починало доцна синоќа во амбулантата на сомборската болница. Лекарите
велат дека смртта настапила како последица на инфекција со корона вирусот.
Ова момче официјално е најмладата жртва која починала како последица на ковид. Тој со мајка си отишол во амбулантата каде му се слошило, по што починал.
Службата за брза помош реагирала, па за неколку минути пациентот бил пренесен на ковид-одделението на д-р Радивој Симоновиќ. Таму и покрај повеќекратните реанимации, не било можно да се избегне трагедијата, пишува СОИнфо.
Извори на овој портал велат дека причина за смртта е белодробна емболија која се дефинира како опструкција (блокада) на една или повеќе пулмонални артерии. На момчето, како што беше соопштено, пред неколку недели му беше потврден корона вирусот.
Во Србија секојдневно се зголемува бројот на деца со тешка форма на болеста, заради што и неколкумина се ставени на респиратор.
ФОТО: Фејсбук