Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЧЕКАЈТЕ ДО ПРВИ ЈУЛИ, ПОВТОРНО ЌЕ ИМА ДНЕВНА ЕВТИНА ТАРИФА - Бислимовски вели дека тоа ќе ги „олесни“ сметките за пет отсто

ПОЧЕКАЈТЕ ДО ПРВИ ЈУЛИ, ПОВТОРНО ЌЕ ИМА ДНЕВНА ЕВТИНА ТАРИФА - Бислимовски вели дека тоа ќе ги „олесни“ сметките за пет отсто

Ако се воведе дневна евтина тарифа, тоа може да значи намалување од пет отсто на просечната цена на домаќинствата. 

Ова денеска го нагласи првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Тој за Студио 10 на ТВ 24 рече дека доколку се донесе, одлуката за евтина дневна тарифа ќе почне да важи од први јули оваа година, кога се носи и одлука за цената на струјата.

„Тоа во самите цени на електричната енергија не се гледа, но бидејќи се дава можност да се троши поевтина електрична енергија и од 14 до 16 часот, тоа на годишно ниво е пет проценти намалување на просечната цена за домаќинствата“, рече Бислимоски.

Но, оваа радост од дневната тарифа доколку се воведе, може да ја замагли враќање на повисоката стапката на ДДВ. 

„Ако се зголеми ДДВ од 10 на 15 отсто тоа ќе значи поголем приход во буџетот, но јас сум за тоа да се оди чекор по чекор, да видиме како ќе функционира. Јас сум против зголемување на ДДВ, сметам дека домашното производство треба да се одржува стабилно за ЕСМ да може да продава електрична енергија и на слободниот пазар и да заработува“, рече Бислимоски.

Слично

Поврзани вести