Побрзо од очекуваното: Што се случува во Русија?
Инфлацијата во Русија продолжува да ја надминува целната вредност од четири проценти, но се намалува побрзо од очекуваното, што отвора простор за намалување на каматната стапка, изјави денес гувернерката на Банката на Русија, Елвира Набиулина.
„Сите индикатори сигнализираат забавување на економската активност, а тензијата на пазарот на трудот се намалува, иако дефицитот на работна сила е сè уште присутен“, рече Набиулина на финансискиот конгрес на Руската централна банка.
Во јуни, Банката на Русија ги изненади повеќето аналитичари кога ја намали референтната каматна стапка за прв пат од септември 2022 година, од 21 на 20 проценти.
Министерството за економски развој на Русија веќе некое време повикува на олабавување на монетарната политика, а заменик-гувернерот Алексеј Заботкин претходно објави дека понатамошно намалување на стапката може да се случи веќе кон крајот на јули, за кога е закажан следниот состанок на Управниот одбор на Руската централна банка, пренесува Б92.
Слично
