Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побрзајте за легализација на дивограбите, рокот истекува в четврток

Побрзајте за легализација на дивограбите, рокот истекува в четврток
Рокот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти истекува за три дена. Барањата се поднесуваат во општините, а објектот што е предмет на легализација треба да е изграден до 3 март 2011 година. За новите барања за легализација е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на 2017 година. Барања за легализација ќе може да поднесат и компаниите што имаат инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура. Согласно законските измени, до крајот на годинава е пролонгиран рокот за доставување геодетски елаборати за барањата за легализација поднесени во 2011 година. Штом ќе се комплетирала документацијата, општините ќе може да ги решат предметите. Пролонгирањето на рокот за доставување геодетски елаборат за една година, беше направено со цел на граѓаните да им се остави простор да имаат време за достава на елаборатите кои се клучен документ во процесот на легализација, а на геодетските фирми полесно да ја вршат работата бидејќи со претходниот рок немаат доволно време да ги изработат сите поднесени барања.  
Слично

Поврзани вести