Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побогатите Македонци ќе чекаат Нова Година во Виена и Милано, останатите дома

Побогатите Македонци ќе чекаат Нова Година во Виена и Милано, останатите дома

И покрај тоа што повеќе нема пандемиски ограничувања, кризата ги натера граѓаните во земјава да претпочитаат новогодишните празници да ги поминат во своите домови.

Од туристичките агенции велат дека, за разлика од минатите години кога имаше ограничувања поради пандемијата, сега е зголемен бројот на резервации за патувања во странство.

Најпопуларните дестинации за граѓаните кои резервирале дочек на Новата година се Белград, Будва, Загреб, Атина, Будимпешта, Виена и Милано.

Интересот за резервации во домашните угостителски објекти е мал.  Угостителите се задоволни од бројот на резервации, но велат дека гостите главно им се од странство.Хотелските услуги се зголемени за 9 до 15 отсто, а превозните за 50 проценти. Самиот дочек чини од 1.500 до 3.000 денари по лице.

„Можеме да кажеме дека оваа година имаме повеќе резервации во однос на лани. Обично повеќето од гостите не се наши државјани, имаме гости од Албанија, Косово, Романија, Бугарија, тие се гости во хотелите кои исто така ќе останат за новогодишната ноќ, значи ќе слават овде“, изјави за Алсат, Фирдесе Имери, претставничка на хотелски објект.


Слично

Поврзани вести