Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Побегнале од бедата во Солун – живеат на аеродромот во Минхен

Фото: Побегнале од бедата во Солун – живеат на аеродромот во Минхен
Реална приказна пресликана од филмското платно. Бугарско - грчко семјество навистина живее на аеродормот во Минхен, само за да не се врати во бедата во Солун, пишуваат германските медиуми. Тричленото семејство составено од гркот Атанaсиос, неговата сопруга од Бугарија, Алмена и нејзиниот петнаесет годишен син Николај, спијат во една од чекалните на аеродромот веќе шест месеци, а се исхрануваат со слабата заработувачка од продажбата на искористени шишиња кои ги прoдаваат за рециклирање. Двојката се запознала во 2007 година во Солун,кога Атанасиос бил ди- џеј во локалното радио и настапувал на забави. Откако настапила кризата  Атанасиос останал без работа и се преквалификувал за продавач на зеленчук, но и тоа не го спасило од мизеријата. Тогаш Атанасиос и Алмена одлучиле да заминат за Германија, за да си ја пробаат среќата, но и тоа било безуспешно. Поради големото присуство на Грци во оваа земја било невозможно да се најде работа дури и како чистачка. На крајот на патешествието семејството одлучило да живее на аеродормот во Минхен по примерот од  филмот "Терминал"  на Стивен Спилберг. Пет недели потоа на аеродромот се доселил и Николај бидејки неговата баба веќе не можела да се грижи за него. За германските медиуми, Атанасиос раскажал дека животот на аеродромот е подобар отколку да се вратат во мизеријата во Солун. По објавената приказна многумина германци се понудиле да им помогнат.
Слично

Поврзани вести