Економија, финансии, бизнис

Контакт

Победата на Ердоган се славеше во Скопје, Охрид и во Лабуништа

Победата на Ердоган се славеше во Скопје, Охрид и во Лабуништа
Турските локални избори со внимание се следат и во Македонија. Синоќа на плоштадот Скендер-бег во Скопје, поддржувачи на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во Македонија организирано ја прославуваа неговата победа. На плоштадот беше поставена бина и монитори, преку кои се следеа резултатите. Прослава имаше и во Охрид и во Лабуништа. Голем политички плакат со поддршка за турскиот премиер осамна вчера на куќа во охридското Турско маало. Победата не Ердоган синоќа се славеше и во Сараево. Автомобили низ улиците украсени со турски знамиња отворено изразија поддршка на турската Партија на правдата и развојот. Ердоган во својот говор по победата им се заблагодари на „браќата во Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и цела Европа“ за поддршката која му ја даваат.
Слично

Поврзани вести