Економија, финансии, бизнис

Контакт

Победата на Ердоган ќе се слави и во Лабуништа?!

Победата на Ердоган ќе се слави и во Лабуништа?!
Симпатизери на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот вечерва организираат прослава во струшко Лабуништа по повод, како што велат, „новата историска и голема победа на големиот човек и лидер“. Во прогласот објавен преку локалните медиуми, се повикуваат сите симпатизери на Ердоган на прославата која треба да започне во 20 часот. Инаку, Турција денеска гласа на локалните избори кои се сметаат за клучен тест на довербата за Владата на Ердоган. Речиси 53 милиони Турци со право на глас ќе се изјаснат во моменти на длабока поларизација во земјата и серија корупциски скандали кои го потресоа Кабинетот на турскиот премиер. Дополнително, дел од јавноста во Турција е незадоволен од избрзаните чекори на Ердоган за ограничување на слободата на интернет, кои вклучија и забрана за Твитер и Јутјуб. И покрај тоа, според анкетите, неговата партија сепак ја задржува предноста и има 35 до 40 отсто поддршка, иако три четвртини од испитаниците сметаат дека во обвинувањата за корупцијата има вистина. Најинтересни и најважни се очекува да бидат изборите во Истанбул и во Анкара, каде што според анкетите кандидатите на власта и на опозицијата се изедначени.  
Слично

Поврзани вести