Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
Јужна Америка која произведува повеќе од половина од среброто во светот, се соочува со намалување на производството поради намалувањето на резервите.
Мексико е држава која обезбедува 25 отсто од светската понуда на сребро, но бележи двоцифрен пад на производството во последниве години.
Перу, Боливија и Чиле, кои заедно снабдуваат речиси една третина од среброто во светот, се борат со опаѓање на квалитетот на рудата, што ја прави екстракцијата поскапа и помалку ефикасна. Овие земји се соочуваат и со политичка нестабилност и построги регулативи за рударство. Се предвидува дека побарувачката ќе ја надмине понудата за околу 95 милиони унци оваа година.
foto printskrin youtube
Слично
