Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОА: МПЦ направи значаен чекор кон канонскиот статус

ПОА: МПЦ направи значаен чекор кон канонскиот статус
Македонската Православна црква со одлуката да побара милост за Вранишковски направи огромен чекор кон канонскиот статус во семејството на признати православни цркви, се вели во соопштението во кое Православната охридска архиепископија упати поздрав за ваквото барање. Во исто време, од ПОА изразуваат жалење што се изгубило толку многу скапоцено време и се направиле толку големи и болни жртви. Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по вонредна седница, побара од надлежните органи на Република Македонија да покажат милост пред божиќните празници и да го ослободат од затвор поранешниот митрополит Јован Вранишковски. Ваквото барање дојде по дводневната посета на Иларион Алфеев, еден од највлијателните митрополити на руската Православна црква кој прашањето на вранишковски го постави на дневен ред и на средбите со државниот врв во земјава.
Слично

Поврзани вести