По жестока расправа, усвоени измените во Законот за медиуми
Со 55 гласа „за“ и осум „против“, како и 11 гласа „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници, Собранието вечерва ги изгласа измените во Законот за медиуми, по скратена постапка.
Со изменетите одредби, од законското решение донесено пред еден месец, се изземаат електронските публикации, односно интернет порталите, објасни министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
„Се согласивме дека интернет порталите не треба да бидат дел од оваа легислатива. Тоа значи дека електронските публикации ќе се бришат од Законот“, рече Ивановски.
Со измените се предвидува Агенцијата за медиуми да има само административен надзор врз печатените медиуми и тоа врз одредбите за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за трансарентност при работењето.
Пратениците од опозицијата не се согласуваат со предложените измени на законското решение.
„Доколку некој од новинарите во порталите се соочи со проблеми кој ќе го заштити, бидејќи не работи во медиум согласно Законот за медиуми“, рече Макрадули.
Опозицијата смета дека Законот за медиуми е непотребен и треба целосно да се повлече, а не да се менува.
Слично
