Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР: Две деца по три дена извадени живи од под урнатините

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР: Две деца по три дена извадени живи од под урнатините

Две девојчиња по 3 дена се спасени од под урнатините во Турција. 

Спасено е 3-годишно дете во турскиот град Измир, каде имаше силен земјотрес, а од под урнатините е извадено и едно 14 годишно девојче. 

За спасувачите ова е чудо.  Медицинска помош добиле повеќе од 700 луѓе во Измир, а утрово е спасено и тригодишното девојче, Елиф Перинчек, кое поминало 65 часа под урнатините.

Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат во осум други згради. Досега, 106 лица се извлечени од урнатините.

Повеќе од 3.500 шатори и 13.000 кревети им се на располагање на преживеаните како привремено засолниште.

Ова е најсмртносен земјотрес за период од 10 години.

Во потресот загинаа повеќе од 85 луѓе. 

Земјотресот со јачина од скоро 7 степени ги стресе Турција, но и Грција. 

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе бидат изградени нови куќи за оние што ќе останат без покрив над главата што е можно поскоро.

Земјотресот направи големи штети. 

Денеска имаше повеќе од 15 слаби потреси во Турција. 


Слично

Поврзани вести