ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ВИСТЕОН: Како понатаму со странските инвестиции?
Серија прашања и дилеми се отворија по најавата на компанијата Вистеон Електрoникс, некогашен Џонсон Контролс, дека во декември следната година ја затвора фабриката на Бунарџик.
Од Агенцијата за странски инвестиции, нема одговор на прашањето кога истекува рокот за субвенции за Вистеон Електорникс, односно, дали оваа компанија го наследила договорот на Џонсон Контролс, или пак со превземањето на фабриката добила нови рокови за субвенции? Тоа пак, би било и клучно за да се одговори на прашањето, дали компанијата заминува затоа што завршуват субвенциите или заминува од други причини?
Не се знае ниту дали ако Вистеон Електроникс, ја продаде фабриката на друг странски инвеститор како што најавија од компанијата, дали новиот газда ќе има право и на нови години за субвенции. Единствениот одоговорот што е испратен од Агенцијата за странски инвестиции, односно од директорот Климент Шеќеровски е дека тие не се информирани за затворање на фариката Вистеон Електроникс на Бунарџик.
„Ако се точни наводите дека странската инвестиција ќе ја напушти Македонија во време на крајот на десетгодишната државната помош, тоа е директен неуспех на актуелната власт. Според мене, уште поважно од привлекување на странските инвестиции е како тие инвестиции да останат што подолго во македонската економија и да остваруваат пренос на технологии и знаења. Единствениот природен начин странските инвестиции да останат подолго во домашната економија е да изградат врски со домашните претпријатија. Но, за жал, актуелната власт во целиов период покажа исклучително низок интерес да ги подржи домашните претпријатија да се поврзуваат со странските во зоните, вели Драган Тевдовски, универзитетски професор.
Секој доаѓа за да заработи, не од љубов
Кога зборуваме за странските директни инвестиции треба да го имаме предвид потенцијалот што го има Македонија да ги привлече истите, кој како што посочува е најнизок на Балканот, потоа треба да се имаат во предвид, субвенциите што тие го добиваат, но и законските прописи, со кои се мотивираат странските директни инвестиции и покрај нашиот мал пазар, скромни ресурси, инфраструктура и квалитет на работна сила, велат дел од економистите.
„Значи странските директни инвестиции доаѓаат за да заработат, да бидат поефикасни во Македонија отколку што биле во домашната или некоја друга економија. Од тие причини дојдоа релативно голем број на компании во Македонија. Сега се поставува прашањето до кога ќе останат овие компании во земјава? Има многу едноставен одговор, а тоа е: Се додека нивната анализа на трошоци наспроти корист, кои ги имаат со функционирањето во Македонија е позитивна. Ова значи кога ќе им се пружи подобра прилика со поголем пазар, ресури, поефтина квалификувана работна сила, ресурси и инфраструктура, подобри стимулации може да заминат, вели Борче Треновски од Економскиот факултет.
[caption id="attachment_174693" align="aligncenter" width="581"]
Секогаш кога ќе им се пружи подобра прилика со поголем пазар, ресури, поефтина квалификувана работна сила и инфраструктура, подобри стимулации, странските инвестиции може да заминат[/caption]
Треновски додава дека сепак, причините може да се и од друга природа која е поврзана со самото функционирање на компанијата, нејзиниот менаџмент, ефикасност, место на пазарот, конкурентносст, сопственичка структура итн.
„Значи може да има и други причини поради кои определена компанија заминува или се затвора, а кои не се поврзани со тоа дали инвестицијата е во Македонија или на некое друго место. Такви се причините со Вистеон Електорникс, каде што причините за затворање на компанија во Македонија не е поврзана со тоа дека ние нешто згрешивме. Во оваа насока треба да напомнеме дека не е чудно вакви случаи да се повторат и во иднина имајќи предвид дека и голем број други економии Чешка, Словачка, Полска (некои се членки и на ЕУ) итн. и ден денес има празни полиња од странски директни инвестиции, кои во минатото доаѓале и си оделе од нивната територија, вели Треновски.
Кои се ефетктите од странските инвестиции?
Сепак тука се отвора прашањето за ефектот на странските диретни инвестиции врз домашната економија. Прашањето е што ние добиваме, или поточно што треба да добиеме од странските директнии инвестиции, и зошто се толку посакувани? Поголем извоз, помал јаз во тековната сметка, намалена невработеност, know-how, подобро обучена работна сила, зголемена конкурентности и поттика за домашните компании, нови пазари итн. Поточно во оваа насока е посебно важна вистинското апсорбирање на СДИ од домашната економија, односно колкави се позитивните ефекти од СДИ за домашната економија.
„Засега во Македонија оваа поврзаност е многу ниска, и маргинална, што е констатирано и во последниот извештај на ММФ. Во него се посочува дека од неколку причини, квалитетот на работната сила, образовниот процес квалитетот на услугте и призодите кои ги нудат домашните компани, пристапот на домашните компании до домашни средства со кои и јас се согласувам. Таму се наведува една општо позната вистина дека економијата, дрштвата треба да има определено ниво на развој со развиени институции и легислатива за да успее да направи добар спој помеѓу странските инвестиции и домашнте претпријатија, објаснува Треновски.
[caption id="attachment_35363" align="aligncenter" width="600"]
„Може да има и други причини поради кои определена компанија заминува или се затвора, а кои не се поврзани со тоа дали инвестицијата е во Македонија или на некое друго место. Такви се причините со Вистеон Електорникс, каде што причините за затворање на компанија во Македонија не е поврзана со тоа дека ние нешто згрешивме“[/caption]
Треновски додава и дека земјава е се уште на почетокот на приказната иако нашиот фискален простор за привлекување на странски дирекктни инвестиции и нивна поддршка брзо се стеснува и времето истекува.
„До сега не видовме некој детална студија или база на податоци од каде би можеле датално и конкретно да ги утврдиме трошоците и користите кои ги имаме од странските директни инвестиции. Ова е повеќе од неопходно со цел да се види кои се клучите точки каде целиот процес потфрла или пак воопшто не постојат такви точки, Се додека немаме конкретни бројки и информации ќе мораме да претпоставуваме и да веруваме на различните приказни кои ги кажуват вработените, странските инвеститори, преставниците на владата или на опозиционите партии, вели Треновски.
Н.С.

Слично