Економија, финансии, бизнис

Контакт

По заканата од ССМ, Ковачевски најави решение уште утре

По заканата од ССМ, Ковачевски најави решение уште утре

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи на Фејсбук и најави решение уште утре, откако Сојузот на синдикати на Македонија се закани дека ќе блокира фабрики, економски зони, институции и патишта ако не се зголеми минималната плата на 18.000 денари.

Ковачевски вели дека не е точно дека Владата е манипулирана од работодавачите, како што смета ССМ, но не откри дали за нив ќе има субвенционирање како што тие побараа.

„Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.

Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата.

Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, порача премиерот.

Сојузот на синдикат на Македонија ја повика Владата да не потпаѓа под влијанието на работодавачите и на трипартидниот економско-социјален совет заедно да ги надгласаат за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Од ССМ во своето денешно соопштение информираат дека доколку в четврток Собранието на пленарната седница не го изгласа предлог-законот на „Левица„ за зголемување на минималецот, ќе настапи генерален штрајк, на кој покрај фабрики, институции и патишта, ќе се блокираат слободни економски зони.


Слично

Поврзани вести