Економија, финансии, бизнис

Контакт

По влезот во ЕУ, хрватските компании ќе преселат дел од производството во БиХ

По влезот во ЕУ, хрватските компании ќе преселат дел од производството во БиХ
Хрватските компании се повеќе покажуваат интерес да ја прошират дејноста во Босна и Херцеговина за успешен останок на пазарот во земјите на ЦЕФТА, по влезот на Хрватска во Европската унија на 1 јули оваа година. Како што пренесе порталот сеебиз, повикувајќи се на пишувањето на агенцијата Срна, интерес за инвестиции во БиХ, освен компанијата Гавриловиќ, искажаа  и Подравка, Дукат и уште некои фирми од Хрватска. „Се зголемува бројот на хрватските компании кои изразуваат интерес да отворат свои погони во Босна и Херцеговина и да организираат производство. На тој начин достапниот пазар на ЦЕФТА ќе им биде под поволни услови„ - наведуваат од Министерството за надворешна трговија и економски односи во БиХ.
Слично

Поврзани вести