Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Венецуела, Американците се насочени кон Куба?

По Венецуела, Американците се насочени кон Куба?

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска не ја исклучи можноста за поддршка на САД за потенцијална промена на режимот во Куба, велејќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака промена на владата во таа земја.

Прашан за време на сослушувањето во Сенатот за Венецуела дали би ја исклучил промената на режимот во Куба, Рубио даде одговор. 

„Мислам дека би сакале да видиме промена на режимот таму. Ова не значи дека ќе направиме промена, но би сакале да видиме промена. Нема сомнение дека би било од голема корист за Соединетите Американски Држави ако Куба повеќе не е под администрација на автократски режим“, рече Рубио.

Изјавите на Рубио доаѓаат во време на зголемено внимание кон потезите на администрацијата на Трамп во Западната хемисфера, по воената операција на САД на 3 јануари што резултираше со заробување и отстранување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, кои беа префрлени во Њујорк по ноќниот напад врз нивниот дом во Каракас.

Рубио го бранеше начинот на кој администрацијата ја спроведе операцијата во Венецуела и нагласи дека во моментов не се очекува дополнителна употреба на воена сила.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести