По ултиматумот на „Анонимуси“: Моќен сајбер напад ја погоди Турција
Турските интернет сервери се подложени на моќни сајбер напади кои предизвикуваат забавување на банкарските услуги во земјата.
Од невладината организација „Nic.tr“ која ги администрира адресите на веб-сајтовите кои ја користат наставката „.tr“ соопштија дека нападите се се дело на „организиран извор“ надвор од територијата на земјата.
Овој домен се користи од сајтовите на турските министерства, трговски претпријатија и банки. Министерот за транспорт и врски Бинали Јилдирим го нарече нападот сериозен.
Според извори од банкарските кругови нападот предизвикал сериозни тешкотии на готовинските трансакции.
Некои весници посочуваат дека нападите се со извор од Русија. Претходно овој месец хакерската група „Анонимуси“ предупредија дека ќе продолжат да ја напаѓаат Турција поради тоа што ја „поддржува „Исламска држава“ и дека ја купува нејзината нафта и се грижи за настраданите нејзини борци“.
