Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Украина, Грузија и Молдавија, и БиХ бара итен пристап во ЕУ

По Украина, Грузија и Молдавија, и БиХ бара итен пристап во ЕУ

По Молдавија, и Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ. 

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат. Вели дека влезот во Европската унија гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина и на Западен Балкан. Турковиќ го упати овој апел откако неколку други држави ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина.

Претходните денови Украина прво аплицираше за членство во Европската унија по итна постапка, а потоа Грузија и Молдавија. Европскиот парламент препорача Украина да добие статус на кандидат по итна процедура, а лидерите на ЕУ би можеле да разговараат за тоа на самитот следниот месец.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду вчера потпиша официјално барање за пристапување на земјата во Европската унија.

„Беа потребни 30 години за Молдавија да достигне зрелост, но денес земјата е подготвена да преземе одговорност за сопствената иднина“, рече таа. 

Кажа дека барањето за членство во наредните денови ќе биде испратено до Брисел.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести