Економија, финансии, бизнис

Контакт

По укинувањето на притворот за Шиповиќ, СДСМ го враќа мнозинството во Центар

По укинувањето на притворот за Шиповиќ, СДСМ го враќа мнозинството во Центар
Претседавачот со Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ ќе може да се врати на работа во општината, откако денеска Судот го укина притворот за него и уште 12 обвинети во случајот „Претседавач“. Ова практично значи дека коалицијата предводена од СДСМ ќе го врати мнозинството во Советот на оваа општина, каде што досега силите беа изедначени. Шиповиќ потврдува дека ќе се врати на советничката функција, но додава дека најпрвин треба да се почека да истечат роковите кои му даваат можност да Обвинителството да ја обжали одлуката за укинување на притворот. Тој и натаму е обвинет во случајот „Претседавач“, каде што се соочува со обвинение за финансиски злоупотреби во фирмата „Машинопромет“.
Слично

Поврзани вести