Економија, финансии, бизнис

Контакт

По убиството во Ново место, полицајци и војници ќе патролираат во Словенија

По убиството во Ново место, полицајци и војници ќе патролираат во Словенија

Армијата излегува на улиците во Словенија.

Oткако група Роми убија маж во Ново Место, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во областа Долењск.

Голем број полицајци беа распоредени на терен, а членовите на Секретаријатот на Советот за национална безбедност се согласија да активираат мешани патроли на словенечката полиција и армија. Армијата ќе ја поддржува полицијата со човечка сила и опрема, јавува РТВ Словенија.

Секретаријатот ѝ предложи на владата да го активира членот 37 од Законот за одбрана за период до една година. Безбедносната состојба ќе се разгледува редовно секој месец. Како што објави Канцеларијата за комуникации на Владата, припадниците на словенечката армија нема да имаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.

Слична одлука веќе беше донесена во 2015 година за време на мигрантскиот бран и се покажа, како што наведуваат, како „ефикасна поддршка за полицијата во извршувањето на задачите во областа на безбедноста“. Мешаните патроли ќе работат во согласност со постојниот план за соработка меѓу словенечката армија и полицијата.

Слично

Поврзани вести