Економија, финансии, бизнис

Контакт

По три дена расправата за импичмент на Иванов продолжува в понеделник

По три дена расправата за импичмент на Иванов продолжува в понеделник

Веќе три дена во Собранието се расправа за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.

Продолжението на седницата претседателот Трајко Вељаноски го закажа за в понеделник.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдат  дека иницијативата на СДСМ е неоснована.

Од СДСМ и ДУИ се со став  дека Иванов мора да сноси одговорност за одлуката за помилување на 56 политичари и нивни соработници.

„Ако намерите ви се добри тогаш придонесете со донесување на Законот за заштита на сведоци и на таков начин ќе помогнете во најважната работа, а тоа е градење доверба на институциите“- рече Хари Локвенец од СДСМ.

Пратеничката Сузана Секуловска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека не може  Иванов да се осуди затоа што го прекршил законот, бидејќи за тоа постои закон.

За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести