Економија, финансии, бизнис

Контакт

По судирите на Блискиот Исток, дали ќе се намали бројот на Македонци кои ќе заминуваат таму на работа?

По судирите на Блискиот Исток, дали ќе се намали бројот на Македонци кои ќе заминуваат таму на работа?

Откако во саботата Израел и САД го нападнаа Иран, а потоа Иран одговори со напади на цели во Израел и ги гаѓаше американските бази во околните држави, над 600 македонски државјани се јавиле во амбасадите и бараат евакуација. По смирување на тензиите, проценките се дека нема да има некој посериозен одлив на работна сила која од Македонија ќе заминува на Блискиот Исток, туку се верува дека нашинците ќе заминуваат помасовно во Европа на печалба.

„Има можност да се постигне одредена кариера, преку работа во одредени светски брендови и интернационални компании. Стартните плати се ниски, од 650 до 900 долари, што не одговараат на понудата во Македонија. Атрактивни се позициите за авиокомпаниите во Катар, Дубаи и Емиратите, тие повлекоа одредена категорија на лица кои беа заинтересирани. Се појавуваат лица кои живеат во тој регион, заради околностите кои ги даваат владите за посебни визи, за претприемачи, за ИТ номади, влегувајќи на пазарот остваруваат одредени бенефити, да се конектираат со луѓето во тој регион, кои имаат средства. Сепак, Блискиот Исток не е регион каде долго ќе се задржат. Не е регулиран пензискиот систем, доживотните визи. Во одредени држави има времен престој. Има интенции исто нашите бизниси да се прошират заради интернационализација, но не во целиот регион. Таму се интересни Дубаи и Доха во помал обем, поради затвореноста на самото општество. Најлесна опција за нашите граѓани е да заминат да работат во угостителството и во авиокомпаниите, а втората опција е со реални услуги за одредени странски компании. Бројките се мали, обиди за заминување можеби има под 1.000 годишно, а од тие луѓе, помалку од 500 или 600 остануваат таму“, вели Зоран Кочоски од Коузон.

Тој додава дека на Блискиот Исток пристигнуваат работници од многу други земји и со тоа се создава голема конкуренција.

„Мирот дека ќе се врати во тој регион, да, ќе се врати и дека ќе има интенција регионот да привлекува номади, тоа е повеќе од сигурно, но Блискиот Исток е посакувана дестинација за луѓето од многу држави во развој, држави од Африка, конкуренцијата е доста сериозна во тој регион. Има многу голема конкуренција во тој регион, а самите работодавци не се расположени да исплаќаат повисоки плати ако имаат голем прилив на работна сила. Нема да има масовно заминување, освен ако некои мислат дека можат да направат кариера во поплатените региони. Голем одлив нема да има. Работниците од Индија гравитираат таму. Регионот си има едно свое ниво, и во скоро нема да има промени. Нашите работници ќе бараат работа во Европа“, додава Кочоски.

Во Дубаи има прилив на работници од Индија, Пакистан, Бангладеш, Филипините, но и од Шри Ланка. Слична е сликата и во Катар. Голем е бројот и на Непалци кои бараат работа во овие земји. Според податоците кои се достапни на интернет, луѓе од 200 различни нации работат во Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ).

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести