По струмичките улици ќе продефилираат 3000 маскирани
На улиците во Струмица вечерва ќе продефилираат 3000 маскирани луѓе, меѓу кои се и 500 гости од странство.
Рокери, стјуардеси, ликови од цртаните филмови и митологијата, се дел од маските кои годинава се застапени на Струмичкиот карневал. Синоќа на отворањето се избрани принцот и принцезата, Никола и Наташа Илиеви од царството на Амон Ра. Организаторите се задоволни од квалитетот на понудените маски.
За разлика од претходните години, оваа година само градоначалникот Зоран Заев дојде без маска, како гостин на карневалот.
Преку карневалот продолжува вековната традиција, а градот 25 години ужива во прекрасните маски.
Овој карневал е посветен на верените девојки и празникот Тримери, а ќе продолжи и во наредните денови.
Слично
