Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Србите, и Словенците започнаа со „туристички тури за комунизмот“

По Србите, и Словенците започнаа со „туристички тури за комунизмот“

Покрај Србија, и Словенија започна на странските туристи да им нуди „тури по патот на комунизмот“, кои се особено атрактивни за оние од некогашниот „слободен“ свет кои сакаат да слушнат за тоа кои се вредностите и како се живеело во тој систем.

Почетната точка на тргнување главно е пред Универзитетот во Љубљана, а афирмирањето на минатото на градот и некогашната врска на екс-југословенската земја со комунизмот се доловува на англиски и германски јазик.

Истовремено туристите изнесуваат идеи и заклучоци за добрите и лошите страни од живеењето во овој идеолошки систем.

Се прикажуваат локации како Конгресниот плоштад, каде што Јосип Броз Тито се обратил од балкон пред толпата и било објавено ослободувањето од фашизмот а потао се одржувале многу социјалистички манифестации, или споменикот на Едвард Кардељ, заменик-претседател во првата југословценска влада и еден од највлијателните политичари во тоа време.


Слично

Поврзани вести