Економија, финансии, бизнис

Контакт

По слобода на медиумите Македонија последна во регионот

По слобода на медиумите Македонија последна во регионот

По слободата на медиумите Македонија е на 118 местово во годинешниот извештај на организацијата Репортери без граници.

Од земјите во регионот, Македонија е на последно место. Најдобра е Словенија (40), потоа Србија (59), Хрватска (63), Босна и херцеговина (68), Албанија (82), Грција (89), Косово (90), Црна Гора (106) и Бугарија (113) место.

Нашата земја е зад Замбија, Нигерија, Конго и Катар и за Македонија е наведено дека клеветата била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата биле заменети со граѓански тужби со можности за високи казни и услови за одење во затвор за новинари и сопственици на медиуми.

„Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од 2014 година, а неколку десетици против новинари. Според анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како резултат на големиот број тужби за клевета и навреда, новинарите во Македонија велат дека се самоцензурираат“- стои во извештајот.

На првите три места во слобода на медиумите се Финска, Холандија и Норвешка, на последно е Ертиреја, а претпоследна е Северна Кореја.

Македонија секоја година е на незавидна позиција на листите за слобода на медиумите.

Слично

Поврзани вести