Економија, финансии, бизнис

Контакт

По скратена постапка се носи Законот за таблети на студентите

По скратена постапка се носи Законот за таблети на студентите

Денеска пред пратениците на Собранието се наоѓа Предлог на законот за издавање на вредносни бонови - ваучери кој ќе се носи по скратена постапка.

Предлагач на овој Закон е Владата и истиот опфаќа издавање вредносни ваучери за таблет компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои првпат се запишани во трета и четврта  година на студии  на високообразовните установи, како и  за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која  година на студии.

Од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за спроведување на овој Закон ќе треба да се издвојат 96.000.000 денари.

Во врска со овој закон студентите сметаат дека добро она што надлежните се сетиле на оваа група граѓани, но исто така потенцираат дека ваквите проекти само ќе ги кријат вистинските проблеми на студентите.

Пред пратениците денеска е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри - I читање; Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните - II читање;Предлог-законот за санитарна и здравствената инспекција - II читање;Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување - I читање; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта - II читање.

Слично

Поврзани вести