По силниот земјотрес четири пожари во Аеродром и Чаир
По земјотресот кој се случи попладнево во Скопје во 15.10 часот имало четири пожари.
Два пожара се евидентирани во населбата Аеродром и два во населбата Чаир. Пожарите биле предизвикани од запалени електромотори на лифтовите поради краток спој што бил предизвикан од потресот.
Пожарите се локализирани од надлежните.
Слично
