Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ШТЕТАТА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: Колку се краде годишно од македонските железници?

ПО ШТЕТАТА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: Колку се краде годишно од македонските железници?

Речиси половина милион евра изнесува проценетата штета од кражбите по македонските пруги од страна на надворешни лица во текот на минатата година, објави Јавното претпријатие за железничка инфраструктура во извештајот за работењето во текот на 2025 година.

„Во работењето на ЈП ЖРСМ - Скопје за периодот од 01.01 - 31.12.2025 правната служба евидентира кражби по пријави при што е настаната штета во вредност од 28,67 милиони денари, или 446.197 евра. Со тоа се предизвикува нарушување во стабилноста и нормалното одвивање на железничкиот сообраќај на пругите на територија на Р.С.Македонија“, наведено е во извештајот.

Информацијата за „Фактор“ ја потврди и Синиша Ивановски, директорот на јавното претпријатие задолжено за одржување на железничката инфраструктура, кој вели дека кражбите оваа година се намалени грубо за 80 отсто помалку.

- Имаше многу случаи на кражби и тие не престануваат, иако моите информации се дека има и затворски казни. Најмногу се краде бакарот кој е доста важен за сигнализацијата и го става сообраќајот под ризик. Ние поради тоа за 6 милиони денари ангажиравме агенција за обезбедување, но мислам дека е невозможно да се контролира се и секаде, вели Ивановски.

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, беше извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура, објави Јавното претпријатие Македонски Железници Инфраструктура во саботата.

- При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени.

Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. Со ваквото противправно дејствие, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност - нагласуваат во соопштението.

- После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ. Сакам да ги информирам граѓаните дека градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има - објави потоа министерот за транспорт Александар Николоски.

Слично

Поврзани вести