Економија, финансии, бизнис

Контакт

По шест месеци, од денеска повторно пријавување во Агенцијата за вработување

По шест месеци, од денеска повторно пријавување во Агенцијата за вработување

Агенцијата за вработување ја известува јавноста дека сите невработени лица од денеска треба да продолжат со редовното пријавување на секои 30 дена по пауза од шест месеци откако изби епидемијата со коронавирусот. Пријавувањето на секои 30 дена е за активните баратели на работа, додека на секои шест месеци е за другите лица кои бараат работа. 

Од Агенцијата им порачуваат на невработените кои имаат оставено контакт телефонски број дека им е испратена порака со точен датум кога треба да се пријават, а останатите треба тоа да го направат во следните триесет дена. Редовното пријавување на невработените беше стопирано во март годинава, заради спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата

– Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по СМС порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, заради тоа што од денеска повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци, соопштуваат од Агенцијата за вработување.

Од таму додаваат дека невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена.


Слично

Поврзани вести