Економија, финансии, бизнис

Контакт

По шест години златото драстично поскапува

По шест години златото драстично поскапува

Нов скок на цената на златото. 

Таа утрово се искачи на 1.550 долари за унца. 

Тоа е највисоко ниво од април 2013 година и раст од 20 проценти само за годинава.

Ова се случува поради заострувањето на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пад на акциите, обврзниците и цените на суровините.

„Поради сигналот за економски превирања, видовме промена на потезите на инвеститорите кон безбедни средства како златото“ - изјави Мадхави Мехта, аналитичар на „Кодак секјуритиз“. 

Претходно имаше најави дека цената на златото ќе расте до крајот на годината. 

Падот на азиските берзи ја зголеми цената на златото на шестгодишен максимум, затоа што инвеститорите бараат сигурно засолниште за капиталот.

Слично

Поврзани вести