По седум години пауза екс албански политичар се враќа на сцена
По речиси седум години надвор од политиката, Бујар Нишани поранешниот албански претседател се враќа во политиката, пренесоа медиумите од регионот.
Тој од денеска е претседател на Националниот совет на најголемата опозициска Демократска партија, чиј член беше до пред изборот за претседател на државата во 2012 година.
Педесет и три годишниот Нишани беше избран по предлог на партискиот лидер Љуљзим Баша, а партиски потпретседатели и понатаму остануваат Еди Палока и Едмон Спахо.
Обраќајќи се пред членовите на Нацоналниот совет, Баша посочи дека обврска на опозицијата е да се врати вербата кај Албанците дека „Албанија може да стане нормална земја“.
– Предизвиците кои се пред нас се многубројни, големи и историски. Но се почнува и има успех само со трансформација на политиката, нејзино осовременување и европеизација. Промената на политиката денеска е национална мисија: не може да има ниту доцнење,ниту одложување, истакна Баша.
Тој го обвини премиерот Еди Рама за уништување на иднината на Албанија и нејзините граѓани, кои во „недостиг на надеж масовно ја напуштаат земјата“.
