Економија, финансии, бизнис

Контакт

По санкциите од САД, Јапонија повикува на создавање трговски пакт на 16 земји

По санкциите од САД, Јапонија повикува на создавање трговски пакт на 16 земји

Јапонскиот премиер Шинзо Абе побара од членките на Регионалното сеопфатно економско партнерство или РЦЕП итно да формираат трговски пакт кој ќе овозможи слободна трговија, во период кога Доналд Трамп спроведува политика на санкции.

На состанокот на министтрите за трговија во Токио, јапонскиот премиер Абе истакнал дека пактот би се состоел од 16 земји кои доминираат на економската сцена во светски рамки и кои имаат потенцијал за раст.

Трговскиот пакт би требало да биде склучен до крајот на годината и е одговор на политиката на американскиот претседател Трамп, кој воведе големи такси за увоз на алуминиум и челик. Јапонија во петокот испрати предупредување до САД дека доколку продолжат со оваа политика, ќе придонесат за затворање на илјадници работни места во земјата, особено од јапонски компании кои се закануваат дека ќе ги преместат своите седишта во други земји.

Слично

Поврзани вести