ПО САМОУБИСТВАТА ВО ЖИВО: Фејсбук ќе вработи 3000 луѓе
Фејсбук ќе вработи 3000 луѓе за отстранување на насилни содржини и самоубиства, најави Марк Зукерберг.
Оваа социјална мрежа има скоро 2 милијарди корисници.
Зукерберг вели дека мора да реагираат брзо ако треба да се избрише некоја содржина.
Овие 3000 нови луѓе за две третини ќе го зајакнат тимот кој сега има 4500 вработени.
Оваа одлука стигна откако имаше неколку драматични снимки кои ги потресоа корисниците.
Пред една недела жител на Тајланд во живо го пренесуваше убиството на 11 месечно девојче и своето самоубиство.
Зукерберг вели дека ќе делуваат да ги запрат овие злосторства.
Слично
