Економија, финансии, бизнис

Контакт

По резултатите во Македонија: И Грците бараат референдум, огромно мнозинство сакаат да се отфрли преспанскиот договор

По резултатите во Македонија: И Грците бараат референдум, огромно мнозинство сакаат да се отфрли преспанскиот договор

Околу 72 отсто од Грците сакаат Грција да се повлече од договорот со Македонија, потврдија резултатите од анкетата за јавното мислење објавена од весникот Прото Тема, дистрибуирана во средата вечер.

Според анкетата спроведена од компанијата за социјални истражувања Интервју за грчкиот телевизиски канал Вергина, "72% од Грците сакаат Грција да го отфрли договорот за Преспа по референдумот што се одржува во Скопје". Во исто време, 68% од граѓаните на Грција ја повикуваат владата да одржи референдум за ова прашање.

Во Грција од 1 до 2 октомври, по одржаниот референдум во Македонија,  беше спроведена анкета за јавното мислење во која учествуваше репрезентативен примерок од 1.000 соговорници.

Спорот меѓу Македонија и Грција се води повеќе од 25 години. Во недела во Македонија се одржа консултативен референдум за меѓувладин договор со Грција за преименување 

Според податоците на Државната изборната комисија, одзивот на гласачи беше 36,91%.



Слично

Поврзани вести