По рекордното поскапување во Хрватска, од утре и Словенија со поскап бензин
Малопродажните цени на сите нафтени производи на бензинските станици во Словенија поскапуваат од ноќеска на полноќ. Цените ќе се зголемат од 1,4 до 2,6 центи за литар. Новата цена на 95-октански бензин е 1,57 евра, 100-октанскиот ке чини 1,59евра за литар, додека 1,44 евра е новата цена на дизелот, односно 1,064 евра за литар нафта, објави Петрол, најголемиот дистрибутер на нафтени производи во Словенија.
Како што е соопштено од страна на словенечките медиуми, домашните аналитичари за енергетика не веруваат дека во иднина може да се доаѓа до намалување на малопродажните цени на нафтените производи на словенечкиот пазар, без оглед на цената на нафтата на светскиот пазар. Причина за поскапувањата се акцизите на нафтените производи, кои остануваат високи, а со кои Владата сака да го замени губењето на други буџетски приходи.
Слично
