Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО РЕФЕРЕНДУМОТ: Вучиќ бара Европа да ги почитува малите народи

ПО РЕФЕРЕНДУМОТ: Вучиќ бара Европа да ги почитува малите народи

За референдумот во Македонија денеска во Москва српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека не е на него да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но дека Европа мора да биде поодговорна.

„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една земја. Стравувам и ми се чини дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се, мислат: ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш не со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ниту тоа, не е важно, тоа мора да биде така“- изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Тој рече дека го почитува договорот меѓу Македонија и Грција, но исто така луѓето од Европа и светот да покажат почитување кон малите народи. 

Слично

Поврзани вести