Економија, финансии, бизнис

Контакт

По растот на новозаболени од коронавирусот, поскапува златото

По растот на новозаболени од коронавирусот, поскапува златото

Цената на златото повторно скокна. 

Таа денеска се искачи на највисокото ниво за период од осум години. Промените на цената се поради новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе закрепне економијата.

Цената на унца злато денеска поскапе за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. 

На американските берзи цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749, 30 долари.

Инвеститорите сакаат да се осигурат од зголемување на инфлацијата и пад на валутите, така што тие сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава забележа пораст за повеќе од 16 проценти.

На 8 јуни имаше голема разлика меѓу цената на златото и среброто. 

Слично

Поврзани вести