По првите два, почувствуван и трет земјотрес во Македонија
По двата земјотреси попладневно, во 19.16 часот, е регистриран уште еден земјотрес со епицентар на 9 километри југозападно од селото Слепче, со интензитет од 4,1 степен.
Претходните два земјотреси го потресоа југозападниот дел на Македонија, а беше почувствуван во повеќе градови и во Скопје. Епцентарот беше во кичевско Вранештица. Земјотресите се случија во 18.33 и 18.41 часот и предизвикаа страв и паника кај граѓаните.
Жителите на Кичево, Демир Хисар, Охрид во страв ги напуштија своите домови.
Според информациите на Европската сеизмичка лабараторија, епицентарот на земјотресите е лоциран на територијата на Република Македонија, 85 километри југозападно од Скопје со епицентри на 10 односно пет километри под земјината површина и интензитет од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е почувствуван и во делови на Албанија.
