За прв пат по подолг период се тргуваше со акциите на Факом
„Факом“, скопската индустрија за челични конструкции, идниот месец ќе дели дивиденда на своите акционери. Дивидендата ќе се дели од нераспределената (акумулираната) добивка која изнесува 526,9 милиони денари (8,55 милиони евра), а за износот ќе одлучат акционерите на претстојното собрание закажано за 3 март годинава, објави „Факом“ преку дистрибиција на соопштение на Македонската берза за хартии од вредност. Токму заради ова во петокот на 6 февруари за прв пат по период подолг од една година за прв пат се тргуваше акцијата на „Факом“ на нашата берза.
Слично
