По провокацијата на Каракачанов: Србите реагираа вака
Движењето за обновување на Кралството Србија побара од Владата на Србија да испрати протестна нота до Бугарија поради картата na „Голема Бугарија“.
Да потсетиме, вицепремиерот на таа земја Красимир Каракачанов на социјалните мрежи објави мапа на Бугарија, во која се наоѓаат Ниш, Лесковац и Врање.Наведувајќи дека станува збор за „непријателски чин“ и „напад врз територијалниот интегритет на Србија“, претседателот на ПОКС, Жика Гојковиќ, ги повика властите да побараат од бугарската влада официјално извинување, како и смена на Каракачанов.
„Србија не смее да ја игнорира јасната и гнасна провокација на Бугарија и мора да им испрати итна протестна нота. Бугарскиот фашизам и шовинизам не е ништо ново, но загрижува фактот што доаѓа од највисоките претставници на таа земја“, рече Гојковиќ, како што објавија од ПОКС.
Имено, на мапата на честитката објавена на социјалните мрежи за 8 март од вицепремиерот на Бугарија и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, се наоѓа голема или Санстефанска Бугарија, во која се наоѓаат и Ниш и Врање. Ова не е негов прв шовинистички излив, потсетуваат медиумите, бидејќи тој пред еден месец ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија, а и претседателот на Северна Македонија реагираше поради картата.
Слично
