По проектилите кај Влада, обезбедувањето на сите владини институции е на „соодветно ниво“
Степенот на обезбедување на сите владини и други институции од витално значење секогаш е на потребното ниво. Вака министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговара на прашањето дали по инцидентот со испукани два проектили врз зградата на Владата е зголемена безбедноста на останатите витални објекти.
Според Јанкулоска, во тек е вештачење на пронајдените проектили и веќе се спроведуваат сите потребни дејства за откривање на сторителите и мотивите за инцидентот.
„Самиот процес на увидот понекогаш трае прилично долго и во конкретниот случај со оглед на сериозноста со која е пристапено во функција на пронаоѓање на сите можни траги и евентуални докази увидот траеше повеќе часа. Во моментот го имаме остатокот од проектилот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков проектил може да биде различно оружје, но ние треба да утврдиме точно од каков тип оружје е испукан овој проектил“, вели министерката.
Од безбедносни причини таа не сакаше да открие дали во моментот кога проектилите завршиле покрај владината фасада, во зградата била во тек владина седница, која редовно се одржува во вторник навечер. Упатува одговорот за активностите во владината зграда да се бара од Владата.
На официјално прашање од Фактор, од Владата се уште не го коментираат синоќешниот инцидент.
СО ГРАНАТИ НА ВЛАДАТА: Реприза на инцидентот во 2007 година?!
Слично
