Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПРЕПОРАКИТЕ ОД БРИСЕЛ: УБК веќе нема да прислушува, тоа ќе го врши специјален орган?

ПО ПРЕПОРАКИТЕ ОД БРИСЕЛ: УБК веќе нема да прислушува, тоа ќе го врши специјален орган?
Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов дел од владината коалција во разговор за Фактор, предлага свој модел како да се постапува по жестоките препораките на Европската комисија, изготвени од експертски тим.  „Во фунцкија на насоките што ги дава сега експертскиот тим на Европската комија, предлагам: Прво да се формира технички центар или сервис преку кој ќе се вршат сите следења на комуникациите и центар кој ќе дава услуги за сите безбедносни служби, за УЈП, Царина, за одбраната и евентуално сите други што ќе имаат законски основи да ги користат услугите на овој центар. Тој да биде одвоен од МВР или од другите безбедносни служби и да го раководи директор (експерт) кој ќе го избира парламентот. На овој начин мислам дека и физичко и организационо ќе биде одвоен. Директорот ќе го избира парламентот од редот на експертите (стручен кадар кој ќе може да води ваков сервис). Оваа пракса ја има во други држави. Кога ќе се одвои овој центар, ако сака на пример, МВР да го користи тогаш ќе мора да однесат одлука од суд. На овој начин мислам дека може да се направи посуштинска контрола. Вториот мој предлог е: Цивилна контрола над службите за безбедност и контрола над системите за прислушување. Да се формира една единствена парламентарна комисија, со мнозинство од опозиција и претседател на комисијата од страна на опозицијата и можност во неа да се вклучат експерти, комисија која ќе има широки законски овластувања. Исто така да биде во законот дефинирана одговорност за членовите на комисијата, кривична и политичка за сите кои ќе ја опструираат работата на комисијата или ќе даваат неточни информации. Меѓудругото треба да биде предвидена казна од најмалку 5 години затвор и забрана да работат во безбедносните служби или да извршуваат политичка фунцкија. Тоа ќе се однесува за оние ќе ја опструираат работата“, предлага Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз..  
Слично

Поврзани вести