Економија, финансии, бизнис

Контакт

По предлог на Групацијата при Стопанската комора на Македонија – европски стандарди за заштита на трудниците

По предлог на Групацијата при Стопанската комора на Македонија – европски  стандарди за заштита на трудниците

Зајакната правна заштита добија трудниците во Македонија, но и жените кои неодамна се породиле, откако од 29 декември минатиот месец започна детално да се усогласува македонскиот Правилник за работа со тој на Европската Унија.

Измената на Правилникот е резултат на Иницијативата за усогласување на овие прописи со европското законодавство, која Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија ја поднесе во септември минатата година.

Со овие измени, трудниците, но и жените кои неодамна се породиле, а се во работен однос, од државата добиваат поголема заштита во однос на евентуалното и нехумано нивно работно ангажирање на работната позиција.

Работното место на оваа категорија не смее да биде работа под услови на силен стрес и психички напор што може да биде штетно за плодот, не смее да е тешка физичка работа, а бремената работничка не смее да ракување со товар потежок од 5 килограми.


Слично

Поврзани вести