Економија, финансии, бизнис

Контакт

По празниците ќе се бојкотира наставата и во Битола

По празниците ќе се бојкотира наставата и во Битола
 Средношколците од Битола на состанокот на интерниот Средношколски пленум од Битола договориле и донеле одлука да ја бојкотираат наставата веднаш после завршувањето на празниците.
Првично бојкотот ќе биде прогласен во  техничкото училиште, а потоа истиот ќе се прошири и во другите училишта.
Учениците побараа поддршка и од професорите против, како што велат, лошите образовни реформи и им порачаа на надлежните сериозно да ги разгледааат нивните барања за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.
Бојкот на наставата досега е регистриран во средните училишта низ Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Струмица и Охрид.

Слично

Поврзани вести