Економија, финансии, бизнис

Контакт

По празникот горивата ќе поскапат?

По празникот горивата ќе поскапат?

Нафтата поскапи и денеска, како влијание на силна побарувачката и несигурност во Сирија. 

Вредноста на лондонската сорта Брент поскапе до 56,4 долари за барел, а американската лесна сурова нафта достигна 53.37 долари за барел. Во однос на вчера, барелот денеска е поскап за цел долар.

Цената на лондонската нафта која се увезува во Македонија во моментов е поскапа за скоро 7 долари по барел. Следната корекија РКЕ ќе ја изврши во вторник, поради празниците, а новите цени ќе почнат да важат од среда.

За очекување е да има поголемо поскапување на дизелот, а за неколку денари ќе скокне и цената на бензините.

Минатиот понеделник дизелот поевтини за 1,5 денари, а цената на бензините остана непроменета. Во моментов литар ЕУРОДИЗЕЛ се точи за 50,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 95 за 65 а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 67 денари.

Слично

Поврзани вести