По пожарот – нов план за стабилизација: Макотекс влегува во 2026 со фокус на реконструкција и зачувување на приходите
Компанијата Макотекс АД Скопје во финансискиот план за 2026 година проектира стабилизирање на работењето и задржување на приходите, иако тие ќе зависат од искористеноста на деловниот простор, пазарните услови и динамиката на реконструкција на објектите оштетени во пожарарот кој ги зафати во август минатата година.
Во извештајот објавен на Македонска берза од компанијата, чија основна дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот, истакнуваат дека во наредниот период ќе бидат силно насочени кон санација и враќање во функција на засегнатите капацитети со цел да ја зачува приходната база. - Макотекс АД Скопје во финансискиот план за 2026 година проектира стабилизирање на работењето и задржување на приходите, иако тие ќе зависат од искористеноста на деловниот простор, пазарните услови и динамиката на реконструкција на објектите оштетени во пожар. Компанијата, чија основна дејност е издавање и управување со сопствен недвижен имот, во наредниот период ќе биде силно насочена кон санација и враќање во функција на засегнатите капацитети со цел да ја зачува приходната база - се посочува во објавата. Притоа додаваат дека приоритет ќе биде обновата на бараките погодени од пожар, што ќе вклучува проценка на штетите, подготовка на техничка документација, обезбедување дозволи и изведба на градежни активности. Паралелно со тоа, ќе продолжи редовното одржување на недвижниот имот, за кое се предвидува да се издвојуваат околу 10% од вкупните приходи, додека за реконструкцијата ќе се обезбедуваат дополнителни средства во зависност од потребите и ликвидноста на друштвото. - Поради наведените околности, во 2026
година се очекува структурата на расходите да биде под влијание не само на
редовните трошоци за енергија, услуги за одржување и заштита и трошоци за
вработени, туку и на зголемени трошоци поврзани со санација, реконструкција и
ставање во употреба на засегнатите објекти. Раководството ќе настојува овие
трошоци да се реализираат контролирано, фазно и во согласност со ликвидносните
можности на друштвото - се потенцира во објавата. Структурата на расходите ќе биде под притисок не само од тековните трошоци за енергија, одржување и вработени, туку и од зголемените инвестиции поврзани со санацијата на објектите. Раководството планира овие расходи да ги реализира фазно и контролирано, со цел да не се наруши финансиската стабилност. Покрај тоа, во работењето ќе останат присутни и вообичаените ризици – инфлаторни притисоци, раст на цените на енергенсите и услугите, можни промени на каматните стапки, како и ризици поврзани со текот на реконструктивните активности. Сепак, не се очекуваат значајни финансиски расходи кои би имале суштинско влијание врз работењето, освен евентуално надворешно финансирање доколку биде потребно. Раководството најавува дека ќе се фокусира на одржување на ликвидноста, подобрување на наплатата на побарувањата и внимателно управување со обврските, со крајна цел – постепено надминување на последиците од пожарот и обезбедување стабилно работење. Планот за 2026 година треба да постави основа за понатамошен раст и зајакнување на позицијата на Макотекс на пазарот на недвижности. - Поради наведените околности, во 2026
година се очекува структурата на расходите да биде под влијание не само на
редовните трошоци за енергија, услуги за одржување и заштита и трошоци за
вработени, туку и на зголемени трошоци поврзани со санација, реконструкција и
ставање во употреба на засегнатите објекти. Раководството ќе настојува овие
трошоци да се реализираат контролирано, фазно и во согласност со ликвидносните
можности на друштвото - се истакнува на крајот од соопштението. П.О. Фото: Принтскрин/Макотекс веб страна
